Unifrigo - Administrate your panel

Please Login to see details!

Request for Access to the price list

You must login to see the activities on our web!
Not a member yet?
 Remember me

Монтажа на Врати за Комори

За монтажа на Изолационите Врати за Комори во Унифриго имаме екипа на искусни монтери кои работат на истата проблематика со децении.
Особено внимание се обрнува на завршните работи при монтажата, а пред се на функцијата на вратите. Имено ослонувањето мора да биде стабилно, издржливо и надежно, а отварањето да се изведува лесно и непречено.



Монтажа и Демонтажа на Панели

Бројните референтни проекти кои досега ги имаме изведено сведочат за брзината, прецизноста и квалитетот на монтажа на нашите теренски екипи.




Монтажа на Ладилна Опрема

Особено внимание нашите теренски екипи обрнуваат при монтажата на Ладилната Опрема.
Тука се води сметка за локацијата каде се поставува надворешната единица, како би се намалиле: бучавата, топлината која се произведува од истата, и би се избегнале други проблеми како што се оние поврзани со транспортот и комуникацијата во близина и околу единиците.
Испарувачите се поставуваат во внатрешноста на коморите на соодветни позиции кои обезбедуваат постојано, оптимално и непречено извршување на нивната функција.

Монтажа на Додатни Елементи

Унифриго исто така врши монтажа на дополнителни елементи како што се:
- Браници,
- У-лајсни и Санитарни лајсни,
- Т-профили за таван,
- Продолжетоци,
- Ќошиња и Елементи за појачување,
- Тацни и Решетки,
- итн.

Монтажа на Сталажи

Сталажите кои ги монтираме претежно се користат во прехрамбената индустрија, но исто така се користат во професионалните кујни, ресторани, супермаркети, пиљари, но и во болниците, аптеките и складиштата.
При проектирањето и монтажата на истите се води сметка за целосно искористување на просторот.
Сталажите се модуларни и самодржечки, т.е. не се прцврстуваат ниту на ѕидовите, ниту на подот од просторијата. Истите се фабрички проектирани и претходно подготвени, со што се овозможува монтажата да се изведе брзо и едноставно. Сите елементи кај сталажите се изработени од нетоксични материјали, а деловите кои се најмногу подложни на оштетувања лесно се заменливи со идентични.