Unifrigo - Administrate your panel

Please Login to see details!

Request for Access to the price list

You must login to see the activities on our web!
Not a member yet?
 Remember me

Изработка на Проекти за Ладилни Постројки

При изработката на проектите за Ладилни Постројки, ние го користиме и своето знаење и насобраното повеќедецениско искуство. А исто така, за пософистицирани проекти, соработуваме и со реномирани странски компании кои се светски лидери во оваа област од индустријата.
Крајната цел при проектирањето ни е секако задоволување на побарувањата на клиентите, но истовремено ние водиме сметка решенијата да бидат економични, еколошко прифатливи и одржливи.

Проектирање на Шини за Месо

При проектирањето на шините за месо водиме сметка за габаритите на просторијата каде ќе се монтираат, висината на истите, а потоа и за местоположбата на отворите и вратите во просторијата, како и за местото каде се поставени уредите за ладење - испарувачите.
Носивоста на шините е исто така една од битните карактеристики која ја дознаваме според побарувањата на клиентот. Истата во сооднос со начинот на прицврстување на носечките елементи и поставеноста на врските и ослонувачките делови, го дава конечниот изглед на системот за транспорт на месо по шини.